Утрински Весник
Спорт

Навивачите на Јунајтед се бесни, клубот одби 23 милиони евра за Мегваер

Навивачите на Јунајтед се бесни, клубот одби 23 милиони евра за Мегваер

Хари Мегваер е непожелен во Манчестер јунајтед, но клубот одбива понуди за неговите услуги. Навивачите се бесни поради последната одлука на клупските челници да не прифатат понуда од 23.000.000 евра за Мегваер.

dobivaj vesti na viber

Манчестер јунајтед во летото 2019 година го донесе Мегваер од Лестер за 80.000.000 фунти (87.000.000 евра). Оваа сума се уште е актуелен светски рекорд кога се работи за платена оштета за одбрамбен фудбалер.

Сепак, Хари не го издржа притисокот, а самодовербата не му ја крена ниу одлуката на тогашниот менаџер Оле Гунар Солскјер да му ја додели капитенската лента.

Од кикс во кикс, вака може да се опише неговиот престој на „Олд Трафорд“. Навивачите му го свртеа грбот, а лани го загуби местото во тимот кај новиот менаџер Ерик Тен Хаг. По завршувањето на сезоната, Тен Хаг го извести Мегваер дека нема да биде капитен и дека може да си бара нов клуб.

Англиските медиуми открија дека Вест хем понудил 20.000.000 фунти (23.000.000 евра) за Мегваер. За играч на кого повеќе не смета Јунајтед бара повеќе пари и ја одби понудата.

Навивачите на Јунајтед збеснаа кога дознаа дека клубот одбил таква понуда, сметаат дека таков киксер мора да му биде продаден на првиот купувач.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност