Утрински Весник
Спорт

Навивачите на Барселона донираат пари за трансфер на Вилијамс

20240719171233 Big 730x400 41.webp.webp

Навивачите на Барселона почнаа да уплаќаат симболични суми на официјалната сметка на клубот на ТикТок за да соберат пари за купување на напаѓачот Нико Вилијамс (22).
Младиот крилен напаѓач на Атлетик Билбао стана една од главните мети на водечките европски клубови по одличниот настап во дресот на Шпанија на Европското првенство.
Вилијамс, кој постигна два гола, вклучувајќи го и првиот во победата на Шпанија од 2-1 над Англија во финалето, покажа одлично партнерство на теренот со напаѓачот на Барселона Ламине Јамал, кој беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.
Навивачите на Барселона сега сакаа да го видат напаѓачкиот тандем Јамал – Вилијамс во дресот на каталонскиот клуб.
„Потпиши Нико“, „100% ни е потребен Нико“ и „За Нико Вилијамс“ се некои од коментарите заедно со донациите на ТикТок.
Пазарната вредност на Вилијамс е околу 70 милиони евра, додека Атлетик најави дека нема да му дозволи трансфер пушти за помалку од 60 милиони евра. 

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари