Утрински Весник
Свет

„Навистина, тој е тука“-Лукашенко со потврда дека Пригожин пристигнал во Белорусија

Лукашенко: „Нема да умрам, ќе се борите со мене уште долго“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потврдил дека основачот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин слетал во Белорусија, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

На својот канал телеграм, новинската агенција „Белта“ го цитира белорускиот лидер: „Безбедносните гаранции, како што ветивме вчера, се обезбедени. Гледам дека Пригожин веќе летал со овој авион. Да, навистина, тој денес е во Белорусија“.

Претходно имаше информации дека авион поврзан со лидерот „Вагнер“ слетал во близина на Минск.

Кремљ претходно соопшти дека не знае каде се наоѓа Пригожин. Руските безбедносни служби се откажаа од секаква истрага за вооружениот бунт што се случи во текот на викендот.

Во саботата, по откажувањето на бунтот во Русија, Пригожин постигна договор да се пресели во Белорусија.

„Русија целосно ја финансираше групата Вагнер“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со военото раководство во Кремљ.

„Сакам да истакнам и сакам сите да го знаат ова: целата групација „Вагнер“ беше целосно финансирана од државата. Од Министерството за одбрана, од државниот буџет, целосно ја финансиравме оваа групација“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Тој прецизираше дека руските власти од мај минатата година до мај годинава на „Вагнер“ му платиле повеќе од 86 милијарди рубљи, што е околу една милијарда евра.

„Се надевам дека никој ништо не украл, или дека не било многу, тоа ќе го разјасниме“, рече Путин.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години