Утрински Весник
Македонија

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026″

20260119130511 big 730x400 80 1.webp.webp

Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река,  од педесетината кои скокнаа по крстот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Прославата на големиот христијански празник Богојавление – Водици почна со света божествена Богојавленска литургија во соборниот храм Св.„Великомаченик Димитриј” по што беа осветени водите на Крива Река.

-Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом, порача Митовски.

По овој чин, на централниот градски плоштад во организација на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка” и Општина Крива Паланка, во соработка со МПЦ-ОА Кривопаланечко архиерејско намесништво, се одржа традиционалната манифестација “Водици-Пивтијада”.

Стотици граѓани присуствуваа на богатата празнична прослава и традиционална трпеза со кривопаланечки пивтии, а за музичката програма беше задолжена македонската музичка ѕвезда, Ленче Кукиќ.

Во кривопаланечкото село Конопница, Филип Станоевски е среќникот што го извлече крстот од Селска Река.

Можете да прочитате

Филипче: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Ограбил седум возила, приведен кумановец