Утрински Весник
Свет

Научниците пронајдоа клучни индиции на гробот на Исус

414933.jpg

Научниците од Универзитетот Сапиенца во Рим пронајдоа остатоци од растенија во областа на црквата на Светиот гроб во Ерусалим за кои веруваат дека датираат од времето на смртта на Исус, пишува „Њујорк тајмс“. Тоа е место кое долго време се сметало за можна локација каде што Исус бил распнат и погребан, околу 33 година од нашата ера. Интересно е што Библијата, во „Евангелието по Јован“ споменува дека на местото каде што бил распнат има градина, а во градината нов гроб во кој никогаш никој не бил закопан. Токму оваа реченица беше важна насока за научниците во нивното истражување.

Шефот на истражувањето, археологот Франческа Романа Стасола, изјави за Тајмс оф Израел дека пронашле остатоци од култивирани полиња, кои би можеле да одговараат на описот на градината од Библијата, сместена помеѓу местото на распнувањето и гробницата. Покрај растенија, тимот откри и неколку гробници направени од мермер. Тие веруваат дека овие гробници може да се поврзат со Јосиф од Ариматеја, личноста која, според христијанското верување, му го дал на Исус својот гроб.


Научниците сега го анализираат потеклото на мермерот и малтерот користен во изградбата на гробниците. Оваа информација би можела да им помогне подобро да ја разберат историјата на местото и да потврдат колку добро се совпаѓа со библискиот опис. Сепак, истражувањето е привремено прекинато за да можат верниците да ја посетат црквата за време на Велигден, но археолозите планираат да се вратат на крајот на месецот и да ја завршат работата.

Археологот Стасола тврди дека најголемото откритие е всушност во приказната за луѓето кои доаѓале на локалитетот со векови и верувале дека е свето.

„Без разлика дали некој верува или не, факт е дека генерации луѓе веруваа. Историјата на ова место е исто така историја на верата во Исус Христос“, рече таа. Овие откритија би можеле да бидат важни за подобро разбирање не само на религиозните верувања, туку и на вистинските историски настани поврзани со едно од најважните места за христијаните ширум светот.

Можете да прочитате

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Путин прогласи велигденско примирје – 24info.mk

Благодатниот оган и оваа година се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот