Утрински Весник
Македонија

НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Септемвриското лето продолжува во Македонија!

Meteoalarm.mk 57.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на Антициклон и на стабилна, сува  и топла воздушна маса од југ, односно од Африка и во следните денови во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност и со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец  и тој повремено ќе засилува на интензитет.


Исто така, повремено ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

И во Скопје  и околината во следните денови ќе имаме стабилно, суво и натпросечно топло време.

Што се однесува до температурите, тие преку ден во повеќето градови ќе надминуваат 30 степени, а во југоисточните предели како и во Повардарието тие локално ќе се искачат до, па  и ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје  и околината во следните денови температурата преку ден ќе надминува 30 степени.

Можете да прочитате

Малолетници запалиле летниковец во Парк шумата Гази Баба

Битолчанец сакал да ограби канцеларија за брзи кредити, полицијата го уапси

СДСМ: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта