Утрински Весник
Свет

НАТО стравува од нуклеарен инцидент, го контактирале рускиот министер за одбрана

НАТО стравува од нуклеарен инцидент, го контактирале рускиот министер за одбрана

Поради стравот на НАТО од можен нуклеарен инцидент, имало „неформални контакти“ меѓу Алијансата и руското Министерство за одбрана во врска со обидот за бунт „Вагнер“, соопшти денеска римска „Република“.

dobivaj vesti na viber

Според италијанскиот весник, вниманието на НАТО било насочено кон повеќе од 1.400 нуклеарни боеви глави кои можат веднаш да се употребат.

Се додава дека соговорник бил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и дека НАТО сака веднаш да стави до знаење дека неговите сили немаат никаква улога во акциите што бунтовниците се осмелуваат да ги преземат.

Весникот наведува дека главните теми на разговорот меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и претставници на европските земји биле токму „избегнувањето на ризикот од ескалација“ и „спречувањето нуклеарен инцидент“.

Можете да прочитате

Трамп: Бајден помилува луѓе виновни за многу тешки злосторства

Бајден превентивно помилуваше пет члена од неговото семејство

Трамп ќе прогласи вонредна состојба на јужната граница и само два пола – машки и женски