Утрински Весник
Свет

НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите

1729765471 Nato Ukraina.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

НАТО денеска ги осуди масовните руски напади врз електричната мрежа на Украина во текот на изминатата ноќ и потврди дека ќе продолжи да го поддржува Киев.

– НАТО силно го осудува рускиот напад од големи размери против Украина, кој уби и тероризира цивили и е насочен на критичната енергетска инфраструктура. Стоиме зад Украина, а сојузниците продолжуваат да даваат придонес без преседан за одбрана на Украина, соопшти претставник на Алијансата во Брисел, пренесува ДПА.

Нагласи дека како одговор на војната, НАТО ја зајакна својата воздушна и противракетна одбрана и оти ќе продолжи да ги проценува своите позиции и да ги брани сите членки.

Можете да прочитате

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет