Утрински Весник
Свет
Img 7972

НАТО подготвува временска капсула по повод својот 75 роденден 

240402 Digital Time Capsule.jpg
300x250 opst2

По повод 75-годишнината од своето основање, НАТО подготвува дигитална временска капсула, што ќе собира артефакти од 2024 година кои ќе треба да доловат моменти од сегашноста и да испратат пораки за иднината.

Содржините во капсулата ќе се состојат од пишани пораки, уметнички дела, фотографии и видео записи, кои ќе бидат дигитално запечатени и зачувани за идните генерации.

Предвидено е капсулата да биде отклучена по повод 150-годишнината од формирањето на Алијансата во 2099 година.

Заинтересираните за зачувување на сојузничкото наследството можат да се придружат на проектот со свој придонес за тоа како ја замислуваат иднината на НАТО, каде очекуваат да се движи Алијансата до 2099 година, кои се нивните надежи, грижи и предвидувања во врска со иднината на Пактот, како и евентуални спомени од Организацијата што би сакале да ги зачуваат во следните 75 години.

Крајниот рок за поднесување на придонес во дигиталната временска капсула е до 31 август 2024 година во 23:59 според средноевропско време.

Можете да прочитате

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа