Утрински Весник
Балкан

НАТО најави воена вежба со војската на Србија во мај

Nato3.jpg

Командата на здружените сили на НАТО во Неапол објави дека ќе одржи вежба со српската армија во мај. Командата на својот профил на социјалната мрежа X објави дека вежбата ќе се одржи на покана на Србија.

„Ја поздравуваме можноста српскиот и сојузничкиот воен персонал да тренира заедно во Србија овој мај. Вежбата ќе се одржи на воениот полигон Боровац во Србија, што српските вооружени сили интензивно го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучително и мировни операции на ОН. Таа активност ќе се спроведе на покана на Србија и со целосно почитување на нејзината декларирана политика на воена неутралност“, објави Командата.


Адмиралот Џорџ Викоф, командант на Командата, беше во Белград во петокот, каде што се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ напиша на социјалната мрежа Инстаграм дека имал „значаен состанок“ со Вајкоф за зајакнување на соработката со НАТО, а воедно и зачувување на воената неутралност на Србија. 

Можете да прочитате

Во мај заедничка воена вежба на српската армија и НАТО

Србија продолжува со евакуација на свои граѓани од Блискиот Исток утре и задутре три нови лета

Вучиќ: Дачиќ наскоро ќе биде пуштен од болница