Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување

20251006141334 big 730x400 15.webp.webp
300x250 opst2

Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или домашно лекување, од 1 септември активно ја следат наставата од далечина. Дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив, наставниците одржуваат индивидуална настава користејќи ги алатките што вообичаено се употребуваат за настава на далечина, како платформите ЕДУИНО и nastava.mk.

Од почетокот на новата учебна година, МОН во соработка со Министерството за здравство и НВО САНО – Здружение за поддршка на децата заболени од канцер, воведе формално образование во здравствените установи и домашни услови, односно секој ученик кој е хоспитализиран или пак е на лекување во домашни услови подолго од три недели, може од далечина да ја следи наставата во своето одделение или пак, наставникот со него да организира индивидуална настава.  Системска мерка која во минатото не постоеше, сега е уредена во закон и со подзаконски акти.


Ниту еден ученик, нема, ниту смее да биде лишено од образование само затоа што се лекува. Здравствената состојба не значи изолираност, прекин на образованието или заборавеност, туку напротив, болеста е предизвик, а општеството е обврзано да им даде поддршка и надеж. Со инвестирање во нивното знаење, инвестираме во една поправедна, поемпатична и посилна иднина.

Министерството за образование и наука упатува благодарност до наставниците кои се вклучени во реализација на наставата за овие ученици, за нивната пожртвуваност и посветеност, како и благодарност до родителите/старателите на учениците за поддршката и активното учество во успешното спроведување на овој процес. 

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со албанскиот претседател Бегај во Драч

Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Игнорирани и понижени – медицинските сестри бараат објаснување од Министерството за здравство