Утрински Весник
Македонија

Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи

Pasosh I Licna Karta.jpg

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот.

Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тој веќе имал состаноци за враќање на оваа услуга за граѓаните.

– Она што се случувало во изминатиот период, е тотален хаос во издавањето документи. Во моментот, електронското поднесување на барање е паузирано во Министерството, но веќе имавме состаноци со министерот Тошковски и многу сериозна дискусија методолошки како да ги вратиме. Се надевам дека во наредниот период, не сакам да играм со рокови и со датуми, кога немам точна информација или не зависи само од мене или од моето Министерство, но сум сигурен дека за многу брзо време ќе ги вратиме сервисите на закажување и добивање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk. Мислам дека во првите 100 дена ќе имаме резултати, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег