Утрински Весник
Македонија

Народната банка очекува инфлацијата да се приближи до историските нивоа од 2%

Narodna Banka.jpg

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%.

„Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди стабилност и пониска инфлација“, појаснува гувернерот Трајко Славески во интервју за „Радио Слободна Европа“.


Народната банка ја задржа истата референтна каматна стапка од почетокот на годината и презеде мерки за задолжителната резерва, заради стимулирање на штедењето и за одржување на финансиската стабилност.

Гувернерот истакна дека само со внимателно комбинирање на монетарни и фискални политики, фокусирани на долгорочни капитални инвестиции, може да дојде до трајно пониски нивоа на инфлација.

Славески нагласува дека на Владата не ѝ одговара висока инфлација, напротив – стабилната и ниска инфлација е во интерес на сите, како на граѓаните, така и на приватниот сектор и на државните политики.

Можете да прочитате

Чилиманов: Лозарите не смеат и во 2026 година да бидат жртви на задоцнети мерки и нетранспарентна земјоделска политика

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да ја замолкне Левица за „Плавица”

Сончев почеток на неделата, температурите денеска до 23 степени