Утрински Весник
Економија
Img 7972

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 46. сесија на Клубот на истражувачите

Img 7972

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 46. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 март 2023 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

dobivaj vesti na viber

Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 март 2023 година (вторник), информираат од оваа институција.

Трудовите, како што појаснуваат, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите, додаваат од таму е од отворен карактер.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027