Утрински Весник
Економија

Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи

Narodna Banka.jpg

Народната банка продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за соработка потпишан со ЕБРД, а со вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите,  давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени.

Во рамките на активностите на Кодексот, во октомври 2025 година, Народната банка за првпат објави преглед на податоците за пристапот до кредити на претпријатијата во сопственост на жени (достапен на следнава врска: https://mkddashboard.fsturkey.com/mk ). Воедно, активно се работеше на формирање на Националната коалиција за примена на Кодексот во нашата земја. Покрај Народната банка, како национален координатор и обединител, во Националната коалиција учествуваат 19 институции, меѓу кои 6 банки, 2 штедилници и МБА. Од јавниот сектор, вклучени се Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Институциите коишто се дел од Националната коалиција се организирани во три работни групи посветени на деловното окружување, прибирањето податоци и на финансиските и нефинансиските услуги за претпријатијата во сопственост на жени.


Институциите членки на Националната коалиција неодамна го заокружија списокот со заложби за примена на Кодексот и го објавија на своите веб-страници, а Народната банка го објави интегрирано, во делот од својата веб-страница посветена на Кодексот за финансирање на жените претприемачи (https://www.nbrm.mk/we-finance-code-en.nspx). Објавените списоци упатуваат на цврстата определба за ангажирање во активности за поддршка на женското претприемаштво во нашата земја, што е во прилог на јакнење на потенцијалот на економијата во целина.

Активностите на Народната банка и Националната коалиција во следниот период ќе бидат насочени кон натамошно проширување на Коалицијата со нови потписници, спроведување анкета за оцена на потребите, утврдување на националната дефиниција на претпријатијата во сопственост на жени за потребите на Кодексот, наоѓање системски решенија во доменот на податоците според родовата структура во сферата на финансиите, дефинирање на начинот на известување, како и редовни анализи на податоците.

Можете да прочитате

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

Николоски: Стабилни цените на транспортните услуги, индивидуално го решаваме проблемот на превозниците

На дел од бензинските пумпи не се точи дизел гориво