Утрински Весник
Економија

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка

Memorandum za sorabotka pomegu narodnata banka i agenczijata za katastar na nedvizhnosti 2 scaled.jpg

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредена размена на податоците и информации од заемен интерес, во функција на подобрување на аналитичките и институционалните активности на двете институции.

Меморандумот, кој го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, претставува основа за систематска и безбедна размена на информации, пред сѐ од Регистарот на цени и закупнини што го води Катастарот како дел од Геодетско-катастарскиот информациски систем.


Преку оваа соработка, Народната банка ќе ги збогати анализите на ризиците од пазарот на недвижности како важен сегмент во рамки на нејзините активности за придонесување кон постигнување и одржување на финансиската стабилност.

Овој документ е одраз на заемната определба на Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности за интензивирање на меѓуинституционалната соработка, базирана на принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност, во насока на унапредување на квалитетот на податоците и политиките од јавен интерес.

Можете да прочитате

Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра, вториот ребаланс е доказ за економскиот неуспех на власта

УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски

Народната банка: За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора експозитурата во Скопје