Утрински Весник
Економија

Народна банка објави брошура за користење платежната сметка: неограничен број уплати и платежни трансакции во денари

Дигитализацијата на платежните услуги продолжува и во третиот квартал од 2022

Народната банка објави посебна информативна брошура за граѓаните заради нивно информирање за можностите за отворање и користење на платежната сметка со основни функции.

dobivaj vesti na viber

„Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на 1 јануари 2023 година, покрај тоа што содржи одредби коишто ќе ја поттикнат конкурентноста кај давателите на платежни услуги, предвидува и повеќе решенија за подобра заштита на потрошувачите. Меѓу нив е и воведувањето на платежната сметка со основни функции, преку која граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за намирување на вообичаените обврски или пренос на парични средства на друго лице.

Платежната сметка со основни функции овозможува неограничен број уплати и повлекување готовина и неограничен број платежни трансакции во денари, но не е дозволено пречекорување, односно навлегување во таканареченото „минусно салдо“.

За користењето на оваа платежна сметка се плаќа надоместок, но висината на вкупниот месечен надоместок не смее да биде повисока од 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во моментот овој надоместок изнесува околу 31 денар во согласност со последните податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика за исплатена нето-плата во земјата. Платежната сметка со основни функции ќе биде без надоместок за група корисници на законски права (законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давателот на издршката; надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување; парична помош од социјална заштита; привремена невработеност; додаток на деца, стипендија, кредит и помош на ученици и студенти).

Граѓаните може да бараат трансформирање на „обичната“ платежна сметка во платежна сметка со основни функции кај својата банка или штедилница. Исто така, банките и штедилниците се должни бесплатно да ги информираат граѓаните за платежните услуги и надоместоците коишто ги наплатуваат за користењето на платежната сметка со основни функции, за што се должни да им дадат информативен документ пред склучување рамковен договор за отворање на платежната сметка со основни функции“, велат преку соопштение од Народната банка.

Можете да прочитате

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост