Утрински Весник
Спорт

Наполи го отпушти Мацари, Калцона го презеде тимот

20240220074532 big 730x400 86.webp.webp

Италијанскиот фудбалски стручњак Валтер Мацари ја напушти функцијата тренер на Наполи, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Франческо Калцона, кој работи за репрезентацијата на Словачка, е назначен за нов тренер на „наполитанците“.

– Му благодарам на Валтер Мацари, пријател на Наполи и на семејството Де Лаурентис, за поддршката на тимот во овој тежок момент. Тој ќе остане во срцата на наполитанците, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за клупскиот сајт.

Шеесет и двегодишниот Мацари го водеше тимот од Неапол од 2023 година. Во моментов Наполи се наоѓа на 9. место во поредокот во Серија А со 36 бодови во 24 кола.

Утре Наполи ќе игра против Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина