Утрински Весник
Свет

Напад на украинското пристаниште на Дунав: најмалку шест повредени, соборени 32 дрона

Напад на украинското пристаниште на Дунав: најмалку шест повредени, соборени 32 дрона

Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија 32 од 44 дрона „Шахид“ од иранско производство што Русија ги лансира кон Украина рано утринава, објавија украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.

dobivaj vesti na viber

Главна цел на нападот биле јужните делови на Одеса, пристанишната инфраструктура во регионот, соопштија од украинските воздухопловни сили, пренесува „Ројтерс“.

Во напад на руски беспилотни летала рано утринава, најмалку шест лица се повредени, а оштетена е пристанишната инфраструктура во Измаил, едно од најважните украински пристаништа на Дунав за извоз на жито, објави на „Телеграм“ гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер.

Во областа Измаил беа лансирани неколку групи дронови.

Можете да прочитате

Шпанскиот премиер Санчез бара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

„Старлинк“ објави прекин на услугата, илјадници корисници се погодени