Утрински Весник
Спорт

Напаѓачот на Мароко влезе во историјата

20260620141648 big 730x400 77.webp.webp

Репрезентативецот на Мароко Исмаел Саибари испиша историја како прв репрезентативец на Мароко што постигнал гол на два последователни натпревари. Тој по нешто повеќе од една минута или запишано како гол во 2.минута ја затресе мрежата на Шкотска откако ја искористи асистенцијата на Брахим Дијаз. Саибари беше стрелец и на првиот дуел на Мароко против Бразил (1:1).

– Ова е најдобриот момент во мојата кариера. Играњето за својата земја на Светското првенство е сон на секој играч, а јас успеав да го остварам тој сон постигнувајќи два гола на два натпревари, изјави по натпреварот Саибари.


Ова беше шестиот најбрз гол на сите Светски првенства се до моментот кога на дуелот Парагвај – Турција Матијас Галарза од Парагвај за неколку секунди беше побрз од Саибари.

Саибари е вториот фудбалер од Африка, кој успева на два последователни натпревара да постигне гол, а првиот беше Мохамед Салах за Египет на Светското првенство во Русија 2018 година.

Во последниот натпревар од групата Мароко игра против Хаити и за очекување е оваа репрезентација да избори пласман во нок аут фазата.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години