Утрински Весник
Македонија

Напаѓачот на Данела Арсовска, од домашен, оди во затворски притвор

Napagjac danela.jpg

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за замена на куќниот со затворски притвор за С.Љ., осомничен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Како што информираат од Судот, одлуката е донесена врз основа на проценка дека постои опасност осомничениот да избега, како и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка.


„Имено, С.Љ., осомничен за кривичното дело Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, на 12 јули беше спроведен во судот, при што му беше определена мерка куќен притвор. Но, по дополнителна проценка, Советот на судот утврди дека постојат околности што оправдуваат изрекување на мерка притвор во скратена постапка“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Од надлежната Полициска станица е добиено известување дека осомничениот веќе е спроведен во Затворот Скопје.

Инцидентот се случи на 11 јули 2025 година, кога градоначалничката Арсовска беше нападната со тупаници додека вршела увид на локација со нелегален објект на скопскиот Бит Пазар. Нападот предизвика бурни реакции во јавноста и осуда од институциите и граѓанскиот сектор.

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство