Утрински Весник
Македонија

Наместо во затвор шетал по кафеани, полицијата го најде и го спроведе во Идризово

Idrizovo.jpg

Вчера попладне полициски службеници од СВР Тетово во угостителски објект во грдот, го привеле Ј.И. од тетовска Голема Речица баран со потерница за издржување казна затвор.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Ј.И. бил спроведен во затворот Идризово во Скопје за издржување на казната.

Можете да прочитате

Пожарот на депонија во Крива Паланка гори повеќе од 15 часа, градоначалникот очекува да биде изгаснат до вечер

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата од 5,7 падна на 2,3 проценти

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани