Утрински Весник
Економија

Намалување на цените на горивата

Goriva.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 во однос на одлуката од 26.7.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,393 %, кај дизелот 2,418 %, кај екстра-лесното масло 2,668 % и кај „мазутот“ намалувањето е 1,018%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,1439 %.

Од 30.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС-95                  81,00 (денар/литар)

моторен бензин       ЕВРОСУПЕР БС-98                             83,00 (денари/литар)

дизел-гориво            ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            73,00 (денари/литар)

масло за горење      екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)               71,50 (денар/литар)

„мазут М-1 НС“                                                                 44,381 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и  ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,275 денари/кг и сега ќе изнесува 44,381 денари/кг.

Можете да прочитате

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите