Утрински Весник
Магазин

Намалете контакт со токсични луѓе ако сакате да стареете поздраво

Screenshot 2026 03 11 144859.jpg

Од исхраната и физичката активност до начинот на живот, бројни фактори влијаат на тоа како старее човечкото тело. Но ново истражување укажува дека и луѓето со кои сме опкружени може да имаат значајно влијание врз биолошкото стареење.

Според извештај објавен во списанието Psychology Today, хроничниот стрес предизвикан од таканаречени „токсични“ и проблематични луѓе може да доведе до побрзо биолошко стареење. Биолошкото стареење се однесува на промените во организмот и степенот на клеточно пропаѓање, кои не мора секогаш да се поклопуваат со вистинската возраст на човекот.


Во анализата што ја објави д-р Себастијан Окенбург од Одделот за психологија при Медицинскиот факултет МСХ во Хамбург се наведува дека луѓето кои постојано создаваат конфликти или го зголемуваат нивото на стрес кај другите можат сериозно да влијаат врз здравјето.

Истражувачите утврдиле дека изложеноста на такви личности е поврзана со побрзо биолошко стареење. Секоја дополнителна „проблематична“ личност во нечие опкружување може да биде поврзана со околу 1,5 проценти побрзо стареење, односно со приближно девет месеци поголема биолошка возраст во споредба со луѓе со иста хронолошка возраст.

Според резултатите, биолошката возраст на испитаниците кои имале токсични луѓе во својата околина во просек била девет месеци повисока од онаа на луѓето кои немале такви односи.

Интересно е што токсичните членови на семејството и пријателите имале посилен ефект врз процесот на стареење отколку токсичните сопружници.

Научниците заклучуваат дека намалувањето на контактот со токсични луѓе може да биде важен чекор за зачувување на менталното и физичкото здравје.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои важат за најстроги шефови

Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот

Дневен хороскоп за 11 март 2026