Утрински Весник
Економија

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип”

Branko Azeski I Rektorot Na Ugd Mirakovski.jpg

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот