Утрински Весник
Македонија

Надвор од законот е да има прв вицепремиер, ама со џентлменски договор тоа ќе биде Изет Меџити, рече Мицкоски

Mickoski 1 2.jpg

Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има прв вицепремиер.

„Според законот кој е важечки премиерот има заменици. Договорот што го имаме во рамки на коалицијата џентлменски е да имаме прв вицепремиер и тоа ќе биде Изет Меџити, но тоа е надвор од законот. Законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков“, рече Мицкоски.

Во претходниот владин состав, прв вицепремиер беше Артан Груби од ДУИ.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола