Утрински Весник
Спорт

Надал за првпат елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

227555 Nadal E Eliminiran Od Rolan Garos Prvpat Zagubi Vo Prvoto Kolo.jpg

Рафаел Надал, освојувачот на 14 титули на „Ролан Гарос“, го заврши настапот на вториот сезонски гренд-слем тениским турнир во првото коло. На „Филип Шатрие“, по три часа и пет минути игра Шпанецот Надал загуби од Германецот Александар Зверев со 3:6, 6:7, 3:6. За Рафаел Надал ова беше прв пораз во првото коло на Ролан Гарос. Шпанецот ќе има прилика да го порави овој кикс во Париз на Олимписките игри. Зверев е четвртиот носител на турнирот, а Надал е моментално 275. на АТП листата. Зверев го доби првиот гем на сервис на Надал, а потоа го потврди брејкот – 2:0. Успеа да направи уште еден брејк во девттиот гем и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет Надал прв направи брејк, а потоа и го потврди за 4:2. Зверев не се предаде, во 10. гем при 4:5 успеа да го врати брејкот. И двајцата беа сигурни во продолжението, па вториот сет беше решен со тај брејк, кој му припадна на Германецот со 7:5. Третиот сет беше можеби најинтересен. Надал беше сигурен на својот сервис, а потоа направи брејк (2:0). Сепак, не успеа долго да ја заржи предноста, Зверев веднаш возврати во третиот гем, а потоа одлично сервираше за 2:2. Петтиот гем траеше нешто повеќе од 15 минути. Зверев имаше четири брејк топки, но Шпанецот ги спаси сите и успеа да се извлече. Но тоа беше последниот гем во третиот сет што успеа да го освои. Зверев до крајот освои три гема, два на сервис на противникот (3:6) и го заврши мечот со максимални 3:0 во сетови. Од трибините мечот Надал-Зверев го следеа Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкарас и Ига Швјонтек.

Можете да прочитате

Албанецот кој ги навредуваше Македонците: Ако навредив некого извинете

Рекордерот Меси и „гаучосите“со победа ја започнаа одбраната на титулата

Англија и Данска одиграа нерешено