Рафаел Надал прати посебна порака до својот „пријател и ривал“, Роџер Федерер, откако швајцарскиот „Маестро“ потврди дека се повлекува од тенисот по настапот на Лејвер купот во Лондон.
Двајцата имаа безброј дуели на тениските терени, и токму „пристигнувањето“ на Надал на сцената беше првата пречка која Федерер не можеше лесно да ја помине во својата блескава кариера. Подоцна, тие двајцата станаа пријатели, нешто што го потврдува Шпанецот со пораката на социјалните мрежи.
„Драг Роџер, мој пријателу и ривалу. Посакував овој ден никогаш да не дојде. Ова е тажен ден за мене лично и за сите љубители на спортот низ целиот свет. Ти го кажав тоа кога зборувавме и сега е тука. Беше вистинско задоволство, но и привилегија и чест да се споделат овие години со тебе, толку неверојатни моменти на теренот и надвор од него. Ќе имаме многу моменти во иднина кои ќе ги правиме заедно, го знаеме тоа. Засега, ти посакувам среќа со твојата сопруга Мирка, со твоите деца и твоето семејство и да уживаш во тоа што е пред тебе. Ќе се видиме во Лондон на Лејвер купот“, пишува Надал.
View this post on Instagram