Утрински Весник
Спорт

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

20240729102925 Big 730x400 91.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите размислувања во пресрет на денешниот меч од второто коло на тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз против Србинот Новак Ѓоковиќ.

Во натпреварот од првото коло, Шпанецот го совлада Унгарецот Мартон Фучович во три сета – 6:1, 4:6, 6:4.

– Очигледно е прекрасно да се игра против еден од двата најголеми противници што ги имав во кариерата, особено на овој терен. Но, ситуациите за Ѓоковиќ и за мене се сосема различни. Тој е многу силен. Не бев многу конкурентен во последните две години, така што тој е веројатно изразит фаворит. Ќе се обидам да го покажам најдоброто од себе на теренот и да видиме до каде можам да одам и колку проблеми можам да му создадам, рече Надал.

За Надал и Ѓоковиќ ова ќе биде 60. директна пресметка. Во моментов, резултатот во личните натпревари е во корист на Србинот – 30:29. Последен пат тенисерите се сретнаа на Отвореното првенство на Франција во 2022 година. 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов