Утрински Весник
Спорт

Надал се повлече од Лејвер купот

Надал се повлече од Лејвер купот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рафаел Надал се повлече од Лејвер купот откако го одигра мечот во двојки со Роџер Федерер, по кој Швајцарецот ја заврши кариерата.

dobivaj vesti na viber

Дввојката Федерер-Надал доживеа пораз од американската комбинација Френсис Тиафо-Џек Сок со 1:2 во сетови.

Надал во сингл ќе го замени Камерон Нори, додека веќе беше познато дека наместо Федерер ќе игра Матео Беретини.

Официјалната веб-страница на турнирот објави дека Надал се повлекол од лични причини.

Интересно е што според правилата на Лејвер купот играч не може да игра само во двојки, туку мора да игра и сингл, но исклучок е направен за Федерер, па поради посебни околности тоа е направено и за Надал.

Можете да прочитате

Перез: Да се ​​биде клупски колега на Верстапен е најнеблагодарната работа, во Ред Бул знаеја дека ги уништуваат своите возачи

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026