Утрински Весник
Спорт

Надал: Поразот од Нори не е катастрофа

Надал: Поразот од Нори не е катастрофа

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека денешниот пораз што го доживеа во Јунајтед купот од Британецот Камерун Нори „не е катастрофален“ и истакна дека може и мора подобро.

dobivaj vesti na viber

„Ова воопшто не е катастрофално. Можам и морам подобро, но како што кажав, не сум играл многу досега. Треба да работам физички за да бидам побрз, посилен, да правам помалку грешки, да носам подобри одлуки. Можам да се подобрам, до Австралијан опен има уште две недели“, изјави Надал.

Надал со пораз ја започна новата сезона, бидејќи денеска по два часа и 45 минути борба загуби од Нори со 3:6, 6:3, 6:4.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина