Утрински Весник
Скопје

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје

20251109201046 big 730x400 36.webp.webp

Над четири ипол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.  Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две ипол илјади работници. 

– Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас. Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје, изјави Ѓорѓиевски.

Тој соопшти дека се изречени над 40 казни и 70 опомени и на физички и на правни лица. Најави казни за сите оние што во следниот период несоодветно ќе го одлагаат отпадот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје