Утрински Весник
Свет

Над 8.000 луѓе ги напуштија пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа

Kursk.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштиле пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Според Министерството, во центрите за привремено сместување има околу 6.000 луѓе.

Како што изјави претставник на руското Министерство за вонредни ситуации во регионалниот оперативен штаб на брифингот одржан во Курск, жителите си заминале „самостојно и во организирани колони“. Според него, во регионот континуирано пристигнува хуманитарна помош

„Денеска е планирано пристигнување на уште пет конвои со хуманитарна помош, кои ќе испорачаат шатори, постелнина … како и друга опрема неопходна за работа на центарот за привремено сместување“, изјави претставникот на Министерството.

Најмалку 13 лица беа повредени ноќеска во градот Курск, Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што беше погодено од руската противвоздушна одбрана паднаа врз станбена зграда од девет ката, соопштија претставници на руската област Курск, која граничи со Украина

Вршителот на должноста шеф на областа Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека две повредени лица се во тешка состојба.

Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск.

Можете да прочитате

Зеленски: Украинците сонуваат за мир и за крај на Путин

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн