Утрински Весник
Свет

Над 300 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан

Avganistan.jpg

Над 300 луѓе загинаа во поројните поплави кои зафатија неколку провинции во Авганистан, а многумина се уште се водат како исчезнати, соопшти Светската програма за храна на ОН.

Властите прогласија вонредна состојба откако обилните дождови во петокот предизвикаа поројни поплави кои зафатија села и обработливо земјиште во неколку провинции.

Во тек е операција за пребарување и спасување, а некои области се целосно отсечени, пишува Гардијан. Северната провинција Баглан е една од најтешко погодените, со повеќе од 300 загинати и илјадници куќи уништени или оштетени само во таа област, според Светската програма за храна.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид на мрежата Х напиша дека стотици луѓе загинале во поплавите, а многу станбени згради се оштетени. Воздухопловните сили соопштија дека евакуацијата започнала по подобрувањето на временските услови, додавајќи дека повеќе од 100 повредени лица се пренесени во болници.

Започна и дистрибуцијата на храна и лекови за населението во подрачјата погодени од поплавите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изразува солидарност со народот на Авганистан и изразува сочувство до семејствата на жртвите, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.

Тој изјави дека ОН соработуваат со локалните власти за давање помош. Од средината на април, поплавите ги однесоа животите на околу 100 луѓе во 10 авганистански провинции

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена