Утрински Весник
Балкан

Над 20 приведени по синоќешниот протест во Белград

S 16 1.webp.webp

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати.

Дачиќ додаде и дека има повредени полицајци.


Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да помине и да заврши мирно, јавниот ред и мир биле драстично нарушени и се случиле неиспровоцирани напади врз полицијата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа оцени дека студентите во блокада за време на вчерашниот собир во Белград не го покажале својот план и програма, туку „само својата насилна природа“.

Во видео порака објавена на Инстаграм, тој рече дека нападите врз полицијата испраќаат лоша слика за Србија во светот.
„На секој митинг ги има се помалку… По вечерашното насилство од страна на блокадерите на улиците на Белград, уште еднаш ги поканувам на дијалог и се надевам дека ќе разберат дека оние кои не размислуваат како нив се луѓе и граѓани на Србија“.

Во Белград вчера попладнето се одржа протест органзииран од студентите во блокада на кој присуствуваа десетици илјади граѓани, за време на кој академиците презентираа дел од нивната политичка програма поврзана со образованието, економијата, правдата и други области.

Половина час по завршувањето на протестот, се случија инциденти во центарот на Белград, во близина на Пионирски парк каде што мала група маскирани лица фрлија пиротехнички средства и други предмети кон полицијата, по што тие возвратија.

Главниот дел од митингот започна малку по 18:00 часот, траеше до 20:00 часот без никакви проблеми, а инцидентите се случија половина час по митингот.

Студентите во блокада по немирите објавија дека десетици лица биле претепани и приведени, како и дека неколку академици моментално се наоѓаат во Ургентниот центар и во полициските станици.

Вишото јавно обвинителство на Белград соопшти дека сите кои по завршувањето на јавниот собир на Славија нападнале полицајци ќе бидат идентификувани и кривично гонети.

Можете да прочитате

Вучиќ пристигна во Кина – 24info.mk

Масовна посетеност на протестот во Белград

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата