Утрински Весник
Македонија

Нацртот на Пол Вилијамс пристигна во Мала Речица – ДУИ со дискусија за предлозите кои ги содржи документот

Dui.jpg

Авторот на Охридскиот договор, Пол Вилијамс, кој беше ангажиран од ДУИ  да изнајде решение за почитување на легитимитетот, веќе подготви нацрт-текст кој го испрати до ДУИ. Интегративците денеска се собраа во централниот штаб во Мала Речица за да разговараат за овој нацрт, за кој, потпретседателот на партијата, Арбр Адеми, рече дека е во врска со санкционирањето на легитимитетот и со почитување на волјата на граѓаните за формирање Влада.

„За идеите на г. Вилијамс денеска ќе дебатираме за дадените предлози во овој нацрт. Ќе има широк процес на консултации со сите таргетирани страни, вклучувајќи ги и академците, НВО, цивилните здружениа општо, но што е најважно и нашето членство на ДУИ, кои се загрижени за последните случувања од аспект на непочитувањето на волјата на граѓаните“, вели Арбр Адеми

Адеми одговори и на изјавите на премиерот Мицковски, кој вчера рече дека од различни канали има информации дека ДУИ има за цел да ја дестабилизира државата. Тој повтори дека ДУИ е државотворна партија која сè уште придонесува за демократизација на државата и дека ќе ги користат сите механизми за заштита на легитимитетот.

На денешниот состанок на Централното претседателство на ДУИ, се зборуваше и за ветингот, за кој Адеми рече дека е дамнешна политика на ДУИ, овој процес да го спроведат меѓународни експерти, низ чиј ветинг ќе мора да поминат сите партии, и секој политичар, како и судии, обвинители и процесот на приватизација од осамостојувањето на државата до денес.

Можете да прочитате

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години