Утрински Весник
Македонија

Националната агенција започнува со реализација на проектот „Отворена агенција“ – Шанса за младите

Otvorena agenczija kreaczija .jpg

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по одлука на директорот д-р Петар Богојески, официјално го започнува новиот проект „Отворена агенција“, насочен кон вклучување на млади луѓе, да стекнат работно искуство во Националната агенција, преку оглас за прием на волонтери и практиканти.

Преку овој проект, младите ќе добијат уникатна можност за стекнување на прво работно искуство во ЕУ-акредитирана институција, каде што ќе можат директно да се запознаат со работата на Агенцијата, со европските програми, и со вредностите на отвореноста, транспарентноста и професионалноста.


Сите избрани волонтери и практиканти ќе добијат надоместок во висина на трошоците за храна и превоз, како поддршка за нивниот ангажман.

Најуспешните учесници ќе добијат можност за понатамошна работна соработка како надворешни соработници на Агенцијата, во согласност со нејзините тековни активности и потреби.

Огласот за пријавување ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Агенцијата и преку медиумите.

Ги охрабруваме сите заинтересирани млади луѓе, особено студенти и неодамна дипломирани лица на европските програми, да се пријават и да станат дел од „Отворена агенција“.

Националната агенција – отворена за младите, отворена за иднината.

Можете да прочитате

Милошоски: Пироманите се организирани, а целта е да се предизвика политичка нестабилност кај владата

Деца во градинка во Центар пронашле шприц во дворот користен од наркоман, ја скршиле иглата и се гребеле со неа

Мицкоски: Со нетрпение го очекувам решението на СДСМ за црвените линии со Бугарија