Утрински Весник
Македонија

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“

Zeni.webp.webp

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, во рамки на проектот „Вработена Ромка=Независна Ромка“.

Проектот е финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna till Kvinna, чија главна цел е долгорочно зголемување на учеството на Ромките на пазарот на труд, преку унапредување на националните и локалните политики за вработување.

На конференцијата, како што информираат од ХЕРА, предвидено е да се обратат министерот за  социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, програмската директорка на ХЕРА Елизабета Божиноска и в.д. директорот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Сељатин Бељули. 

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите