Утрински Весник
Македонија

Национален форум на Цивика мобилитас

20241114164240 Big 730x400 1.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи Националниот форум на Цивика мобилтас, кој се организира заедно со Владата на Република Северна Македонија.

Како што информираат организаторите, учесниците на форумот ќе ги поздрави амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Улман, а главни говорници на настанот ќе бидат Христијан Мицкоски, претседател на Владата,  Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.

Покрај нив, со претставниците на граѓанските организации ќе дебатираат и Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Весна Јаневска, министерка за образование, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Зоран Љутков, министер за култура и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Дискусиите ќе се фокусираат на можностите за подобрување на соработката помеѓу Владата и министерствата и граѓанските организации, велат организаторите на Настанот.

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Владата на Швајцарија, а ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска.

Можете да прочитате

За викендот стабилно време со студени утра

Лимани: Градинката „Младост”, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја”  листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато

Мицкоски: Со измените на Законот за градежно земјиште отстранета е пречката за градење на јавни објекти кои се ослободуваат од плаќање на комуналии