Утрински Весник
Македонија

Началник Димовски: Нормално би било Вања прво да се бара кај другарки, а не веднаш да известат дека е исчезната

458265154 1240244590660356 7467120913233887048 N 1024x576 1.jpg

Во Основниот кривичен суд во Скопје, денеска продолжува судењето за свирепото двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот пензионер Панче Жежовски.

Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал, го даде својот исказ, во кој посочи на неколку клучни моменти од истрагата, фокусирајќи се на тврдењата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

„Таткото постојано тврдеше дека Вања е киднапирана, иако во тој момент немавме никакви докази. Од почетокот го алармираше фактот дека ќерка му е исчезната, но нам ни беше чудно како веднаш можеше да се заклучи дека станува збор за киднапирање. Во вакви случаи, се очекува прво да се провери кај другарки или во околината, а не веднаш да се алармира полицијата,“ рече Димовски.

Според началникот, при првите разговори со родителите, вклучително и со мајката Зорица Ѓорчевска, беше споменат претходен конфликт што Вања го имала на училиште. Ова ја зголеми загриженоста кај истражителите, но нелогичностите во случајот продолжија да се собираат.

„Ми се јави началникот Музафер Каришиќ ми рече дека мора да се вклучиме и ние, бидејќи имаше информации од родителите дека може да биде грабната. Иако во тој момент немаше никакви докази. Ние одлучивме дека имаше доста нелогичности и одлучивме дека мора веднаш да почнеме со работа. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и класната раководителка. Не ни беше јасно како можеше толку брзо да се алармира дека девојчето е киднапирано. Мајката во 8 часот и 2 минути одма пријавила дека има исчезнато девојче. Нормално би било прво да проверат да не е кај другарка, а не веднаш да известат дека е исчезната. По разговорот со класната ни стана јасно, бидејќи претходниот ден Вања имала проблем во училиште претходниот ден со друго дете за некоја книга и претходната вечер класната разговарала со мајката Зорица и се договориле дека следниот ден ќе ги расчистат сите работи на класен час. Прашувавме за врските, односите во семејството и дали и претходно се случувало да ја нема Вања. Подоцна започна потрагата низ парк и центарот на Скопје, тоа беше на полноќ. Се вратија и рекоа дека нема ништо. На помошникот му беше чудно, затоа што таткото не излегувал од кола, додека излегувале да пребаруваат. Таткото велеше: Џабе пребарувате, сигурно е киднапирана, можеби и убиена. Се вршеше потрага и во Охрид, бидејќи таму имала стан. Ни беше нејасно дека цело време таткото велеше дека е киднапирана, и во еден момент им реков ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага. Тие мора да се јават и да ве контактираат им реков. Мајката гледаше во телефонот но немаше повик. Останавме до 4-5 утрото. Сабајлето повторно продолживме“, рече Димовски.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година