Утрински Весник
Македонија

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

dobivaj vesti na viber

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства

„Не бараме одмазда, туку правда“, порачаа родителите на денешниот „Марш за ангелите“