Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На „Табановце“ се чека околу 45 минути

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути
300x250 opst2

Од 17.25 часот, поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, кај Плетвар, е во прекин, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 година. во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 10:00 – 16:00 часот.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце за влез во државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација