Утрински Весник
Македонија

На Табановце приведен турски државјанин баран од Интерпол

Gp Tabanovce.jpg

На 14.12.2025 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, полициски  службеници го лишија од слобода О.А.(27) од Република Турција.

При излез од државата тој не поседувал никакви документи, а по извршени проверки утврдено е дека по барање на Интерпол по него е распишана меѓународна потерница и бил баран за издржување на затворска казна од осум години.

Тој е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. 

Можете да прочитате

На влезот во Кочани поставен и осветен 17-метарски крст во спомен на жртвите од „Пулс“

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога