Утрински Весник
Македонија

На „Табановце“ кај 33-годишник пронајдени две фалсификувани возачки дозволи

На Табановце се чека до 40 минути за излез од државата

Вчера вечер во 22 часот на Граничниот премин Табановце, при контрола и гранична проверка било констатирано дека 33-годишниот Љ.Ф. од село Отља, општина Липково, на увид приложил фалсификувана белгиска возачка дозвола, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– При контрола на багажот и возилото кое го управувал, била пронајдена и македонска возачка дозвола која, исто така, била фалсификувана, соопшти МВР.

Пронајдените предмети биле одземени и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства