Утрински Весник
Македонија

На Табановце и Богородица се чека половина час

20250720081309 big 730x400 73.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

  • петок од 17:00 – 22:00 часот, 
  • сабота од 09:00 до 18:00 часот и
  • недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Можете да прочитате

Доаѓа нов топлотен бран, психолозите порачуваат: Се зголемува хормонот на стрес, се појавуваат раздразливост и немир

Објава на демант и јавно извинување до Петар Богојески

Јаневска: Ако се појави можност дел од образовните асистенти трајно да се вработат, со задоволство тоа ќе го прифатам