Утрински Весник
Македонија

Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло

Studeno Vreme.jpg

Утрово на Попова Шапка и во Марови Анови е најстудено со измерени -2 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 5 степени.

Во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Виница, 1 во Берово, 2 степени во Тетово, Охрид, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Битола, Велес и Штип и 4 степени во Демир Капија и Струмица. 


Висината на снежната покривка во 07 часот е 31 сантиметар на Попова Шапка и 9 во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла. Кон крајот на денот ќе има локална појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Можете да прочитате

Следува стабилно и сончево време

Нова акција: Полиција упадна во фабрика за марихуана во Валандово

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор