Утрински Весник
Македонија

Најстудено на Попова Шапка, во Маврови Анови 53 сантиметри снег

20241206085450 Big 730x400 52.webp.webp

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка -2 степени, -1 степен било во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 Крушево, 3 Тетово, Дебар, 4 Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 5 Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.

Висината на снежната покривка во седум часот била 53 сантиметри во Маврови Анови, 49 на Попова Шапка, 16 во Крушево и 4 сантиметри во Лазарополе.

Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб и само понекаде со умерен интензитет. Утринава зголемена облачност и повремен дожд има на југот на земјата. Врнежи од дожд има во Крива Паланка и Претор, а во Крушево има магла и ниска облачност.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Можете да прочитате

Вработени во Министерството за економија си носат вентилатори од дома, климата не е во функција

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден