Утрински Весник
Македонија

На скопскиот аеродром приведени деветмина турски државјани со лажни документи

На скопскиот аеродром приведени деветмина турски државјани со лажни документи

На скопскиот аеродром синоќа биле приведени деветмина државјани на Турција, кај кои биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, се работи за Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

(Видео) Тешка сообраќајка кај Соборниот храм во Скопје

Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат 

Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат” на Малата сцена во МОБ