Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

На Скопје му требаат темелни промени, вели Ѓорѓиевски

Screenshot 20250929 142336 messenger.jpg
300x250 opst2

Прво човек, потоа градоначалник“ е слоганот со кој кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се претставува во кампањата за локалните избори. На прес-конференција денеска тој ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ зад која, рече, стои неговиот тим од стручни соработници.

Програмата се заснова на седум главни столбови, како што рече „темелите на иднината на нашиот град“ со кои „почнува урбаната ера која Скопје ќе го преобрази во европска метропола“: 1. Одржлив урбан развој во следните 20 години; 2. Здрава животна средина, 3.Целосна комунална обнова на градот; 4. Враќање на културниот идентитет на Скопје; 5. Дигитална трансформација и паметни решенија; 6. Скопје – град на младите и науката и 7. Јакнење на јавната грижа и безбедноста. Како што рече, од седумте столбови ќе произлезат стотици проекти, „речиси по еден за секој ден од годината“.


Ѓорѓиевски соопшти дека ќе формира меѓународен борд на светски експерти, ќе соработува со универзитети во Торино, Солун, Љубљана.., и со локални експерти избрани на конкурс ќе изработи 20-годишен план – визија за главниот град која, како што рече, ќе ги интегрира урбанизамот, мобилноста, зелената инфраструктура, енергетската ефикасност, управувањето со ресурси, социјалната инклузија и заштитата на нашето културно наследство. Целта е да се создаде „отворен, конкурентен и здрав град“.

Неговата програмата предвидува враќање на функцијата градски архитект, ќе се формира совет за урбан развој како гаранција за европски стандарди во урбанизмот и ќе се формира јавно претпријатие „Урбан центар Скопје“ кое ќе ги изработува планските документи – професионално и транспарентно. Секој нов јавен објект што ќе се гради ќе биде предмет на јавен конкурс, а тоа ќе значи, рече, фер конкуренција, квалитет и најдобри решенија за Скопје,

-Визијата 2025-2045 не е само изборна програма, таа е патоказ за иднината, план што не се мери во мандати, туку со генерации. Визија што ќе остави стабилни темели и ќе создаде ново лице на градот што со гордост ќе му го предадеме на следните генерации. До 2045 ја гледам метрополата Скопје како град што дише прку своите зелени коридори, како град што се движи преку еколошки и интегрирани транспортни решенија, како град што живее преку јавни простори што повторно им припаѓаат на нашите граѓани. Ова не е само план за градба, ова е модел на ново живеење по мерка токму на вас, луѓето, истакна Ѓорѓиевски за визијата за Скопје врз чија основа ќе биде донесен Генералниот урбанистички план. Додаде дека со новиот концепт „ќе се стави крај на хаосот на неконтролираното и штетно градење какво што имаме во моментов“.

Можете да прочитате

Ѓеорѓиевски: Мал гест, голема радост за учениците со оштетен вид

Ливриниќ: За чист, транспарентен и младешки Бутел – кандидатката која ветува резултати, не празни зборови

Герасимовски: Набавуваме две нови цистерни и пет метларки за хигиената никогаш повеќе да не зависи од каприци и политички одлуки