Утрински Весник
Економија

Најскапото јајце може да оди до 9,8 денари, рече Бектеши по замрзнувањето на цените

Најскапото јајце може да оди до 9,8 денари, рече Бектеши по замрзнувањето на цените

Министер за економија, Крешник Бектеши кажа дека најскапото јајце може да се продава по цена од 9,8 денари, со одлуката за замрзнување на цената. Според него, мерката е искреирана со компаниите кои произведуваат јајца. Тој кажа: „Цените што биле на 15 март, тие ќе бидат“.

dobivaj vesti na viber

„Просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце. Зависи од пакувањето и амбалажата, зависно од компаниите во делот на трошоците кои ги имаат. Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава, а бараат нашите соседи каде цените се од 14 центи до 20 центи и нагоре. Што значи дека ако се дозволи целосен извоз, повеќето ќе го пренасочат производство до соседите. Дополнително како одлука е ограничувањето во извозот, каде 70 отсто од целото производство или пласман кој го имале во јануари и февруари, да ги снабдуваат ланците на маркети, а да нема недостаток на овој производ за сите граѓани, ниту зголемување на цената како притисок однадвор“, кажа Бектеши.

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата од кокошка. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека сега трговците мора прво да набават јајца за потрошувачите во земјата, а потоа за извоз.

Можете да прочитате

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки